Раководството на Фејсбук им овозможилo на политичари привилегирана позиција

од Milan1

Раководството на Фејсбук се мешало во работата на социјалната мрежа, давајќи им на политичари привилегирана позиција при објавување, и покрај сопствените правила, пишува „Фајненшл тајмс” цитирајќи извадоци од истрагата на „Фејсбук Пејперс” (Facebook Papers) спроведена врз основа на сведочењето на Френсис Хоган, поранешен вработена во компанијата.

Според весникот, раководството на Фејсбук се вмешало во работата на социјалната мрежа, дозволувајќи им на американски политичари и ѕвезди од шоу-бизнисот да објавуваат што сакаат без никакви ограничувања.

Весникот „Вол Стрит Џурнал”, откако проучи неколку внатрешни документи на компанијата, во септември објави дека системот за контрола на објавите на социјалната мрежа Фејсбук им овозможува на некои корисници со голема публика да поставуваат материјали што ги прекршуваат правилата на заедницата. Ваквите објави често остануваат незабележани од модераторите.

Слични содржини