Ракување, бакнување и гушкање веќе нема да биде начин на поздравување, короната ќе не научи на нови правила

од Берта Китинска

Пандемијата на коронавирусот буквално го забави светот, ги затвори луѓето дома, го сопре начинот на живот на кој сме навикнати и не потсети уште еднаш на тоа колку сме мали и немоќни пред “невидливиот непријател”.

Ефектот рестриктивни мерки чија цел е спречување на ширењето на коронавирусот, властите го очекуваат на почетокот на мај, за кога и најавуваат дека ќе почне олабавувањето на некои од нив и враќање на животот во нормала.

Од Владата велат дека во тек се подготовки за олабавување на рестрикциите, но дека тоа нема да се случи преку ноќ. За да може да се обезбеди олабавување, мораме претходно сите заедно да си ја обезбедиме заштитата – маска/марама, два метри дистанца, негрупирање. Целта не е да се казнува, туку да се обезбеди што е можно пошироко почитување на мерките, од сите, брифираат од Владата.

Во својата обраќање пред неколку дена министерот за здравство Венко Филипче најави дека коронавирусот ќе донесе трајни промени.

– За неколку недели откако мерките ќе се прекинат ќе треба да се навикнеме на новиот начин на однесување и живот, ќе почнат со работа кафулињата каде ќе мора да се практикува држењето на растојание. Со новите мерки успеавме да ја амортизираме ситуацијата и да имаме линеарен пораст на заболените.Успешно се справува, со вирусот  тоа  го покажува и моментот со болничките капацитети кои  не се оптеретени. Сите одлуки на Владата даваат добри резултати. МЗ до Владата достави нови предлог мерки за олабавување на старите, а тоа се однесува на намалување на полицискиот час да започнува од 19 и да трае до 05 часот. За возрасните да започнува од  8 до 12, а за лицата помали од 18 години од 13 до 16 часот. За време на викендите да почне од 13 часот во сабота и да трае до 5 часот до понеделник.Задолжително да биде носење заштитна опрема при движење на затворени и отворени простории каде не може да се одржи дистанца од 2 метри, значи во бакна, продавница треба да се носи маска бидејќи има повеќе лица ,не е задолжително носење маски на отворено односно при спортување каде има дистанца од 2м или возење велосипед, движење во дворно место. Маските ќе бидат задолжителни на отворено каде нема растојание од 2 метри посебно ова ќе се однесува за пазарите, изјави Филипче.

И во региот најавија олабавување на мерките.Српскиот претседател Александар Вучиќ најави олабавување на мерките за забрана за движење. Од вчера полицискиот час ќе биде пократок, односно забраната за движење ќе важи од 18 до 5 часот и дека пензионерите ќе можат да го изберат своето време за прошетка од половина час помеѓу 18 часот и 1 часот наутро.

Тој кажа дека од следната недела сите занаетчиски дуќани ќе бидат отворени, а од 27 април и сите други продавници ќе бидат отворени.

Во Хрватска, здравствените власти издадоа упатства за тоа како ќе работат овие објекти. Директорот на Заводот за јавно здравство на Хрватска Крунослав Цапак објасни дека во кафулињата и во рестораните луѓето нема да може да седат едни до други.

Ако досега имаша маса за четворица, на неа сега ќе може да седат еден или двајца. Ќе мора да се дезинфицира се откако ќе си заминат гостите, изјави Цапак.Oлеснување на мерките најавија речиси сите европски држави.

Слични содржини