Рама: Ѓукановиќ секогаш ќе биде пријател, но Абазовиќ е феномен

од Vladimir Zorba

Мило Ѓукановиќ е пријател и секогаш ќе биде. Да, го поддржав во тежок момент бидејќи се залагаше за мултиетничка соработка, но тоа не ме спречува и не можеше да ме спречи да кажам врз основа на фактите дека Дритан Абазовиќ е феномен, изјави албанскиот премиер Еди Рама за телевизија А плус.

Рама вели и дека премиерот на Црна Гора е неверојатен феномен во регионот, во политиката.

„Според мене, тој е единствениот, ако не се лажам, кој успеа да создаде движење кое во центарот има граѓани, кое само по себе е мултиетничко, отворено за сите“, додаде Рама.

Премиерот на Албанија истакна дека живееме во тешки времиња кои можат да бидат уште потешки, но дека е оптимист.

„Затоа што има некои важни вести од минатата година во однос на политичката позиција на Западен Балкан во Европа и во светот. Западен Балкан никогаш не бил во подобра позиција“, рече Рама.

Според ТВ А плус, Рама за Абазовиќ изјавил дека тој не само што е првиот Албанец кој ќе биде премиер на Црна Гора, туку и првиот премиер кој не се двоуми да каже дека е Албанец или дека е овој или оној, бидејќи верува и се однесува врз основа на неговото убедување дека е државјанин на Црна Гора.

„И начинот на кој српската заедница му пристапува како Албанец, начинот на кој се справува со некои нерешени прашања е храбар, но пред се е за восхит, бидејќи нема разлика меѓу она што го кажува и она што го прави, што не е многу вообичаена работа во политиката и во животот“, вели Рама.

Рама зборуваше и за косовскиот проблем, француско-германскиот договор понуден на Белград и Приштина, односите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ…

„Ја следев последната изјава на претседателот Вучиќ од Давос и мислам дека беше доста за почит со оглед на начинот на кој тој ја изрази потребата да се оди напред. Се разбира, на неговиот многу посебен карактеристичен начин на комуникација, но тој покажа почит“, коментира Рама.

Рама уште еднаш се сврте кон односите со премиерот и претседателот на Црна Гора.

„Ѓукановиќ го напаѓа Абазовиќ, а не знам дали и Абазовиќ го напаѓа Ѓукановиќ или не, но претпоставувам дека е така, иако Абазовиќ е многу повеќе опседнат со корупцијата и организираниот криминал како феномен што треба да се искорени од црногорскиот општеството“, заклучи Рама.

Слични содржини