Рама: Јас и Курти имаме иста цел – да се обединат Албанците

од Radmila Tasevska

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти и тој имаат „различен пристап кон Србија“, но дека и двајцата имаат иста цел – да ги обединат Албанците, пренесува денес Коссев.

Рама порача дека Србија треба да го признае Косово и „да побара прошка“, а на крајот од процесот на дијалог со Србија, Албанците „треба да се обединат“, и дека тоа мора да го сторат.

„Навистина имаме многу добри односи, нашите состаноци се инспиративни, одличен хумор, многу се смееме. Имаме различни пристапи кон Србија, но иста цел“, изјави Рама на албанската телевизија Кљан.

Рама ова го изјави откако косовскиот премиер само ден претходно порача дека не треба да се надеваат на српскиот претседател Александар Вучиќ.

На новинарско прашање „дали Албанците ќе се обединат“, Рама рече дека тоа мора да го сторат.

„Албанците мора да се обединат. Да, секако Албин го сака истото, но јас поинаку размислувам за патот до таму, Албин размислува поинаку. Но, Албин е премиер на Косово и тој треба да избере, му посакувам се најдобро. и успех и нека разбере дека можеби грешам“, рече Рама.

Слични содржини