Рама: Албанија е заложник на спорот меѓу Скопје и Софија

од Nikola Popovski

Албанскиот премиер Еди Рама му се пожали на високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи, Жозеп Борел, за политиката на Бугарија.

За време на конференцијата за светска политика во Дубаи, Рама разговараше со Борел за ситуацијата на Балканот и европската перспектива на неговата земја.

На Твитер, Еди Рама го напиша следново за неговата средба со високиот претставник:

-Имав средба со Борел, како еден од главните дипломати и посредник во преговорите меѓу Косово и Србија. Разговаравме за претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, како и за ситуацијата во регионот. Разговаравме и за „отворениот конфликт помеѓу Бугарија и Северна Македонија“, кој ја претвора Албанија во заложник, смета Рама.

Слични содржини