Рама: Благодарение на „Отворен Балкан“, се надевам дека ќе добиеме пченица од Србија

од Vladimir Zorba

Зборувајќи за економските последици од војната во Украина, премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека со Србија се почнати преговори за увоз на дел од пченицата што претходно го договориле албанските бизнисмени.

Рама изјави дека деблокирањето на оваа количина пченица од страна на Србија може да дојде благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“.

-Преговараме со Србија да извлечеме дел од пченицата што беше договорено од нашите тамошни бизнисмени. А тоа ќе го направиме благодарение на „Отворен Балкан“. Тоа се фактите – рече Рама.

Слични содржини