Рама: Дел од новото пристаниште кај Драч ќе биде база на НАТО

од Берта Китинска

Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека дел од новото пристаниште Порто Романо во Драч ќе биде база на НАТО.

Порто Романо е во фаза на изградба и кога ќе биде завршено, ќе биде најголемото трговско пристаниште на Јадранското Море. По враќањето од самитот на НАТО во Мадрид, Рама кажа дека еден дел ќе биде воен.

„Наскоро се враќаме во Брисел за да продолжиме со разговорите за нашиот предлог за воспоставување поморска база на НАТО во новото пристаниште на Драч“, изјави Рама.

Слични содржини