Рама: Дијалогот меѓу Србија и Косово трае долго време

од Vladimir Zorba

Дијалогот меѓу Србија и Косово трае подолго време и не му е дадено потребното значење, изјави премиерот на Албанија, Еди Рама на годишната конференција „Состојбата на Унијата“ во Фиренца, пренесуваат албанските медиуми.

Рама додаде дека учеството на Франција и Германија во овој процес е многу значајно.

Посочи дека мора да се стори се за да се достигне „Шенген зоната“ во која се применуваат европските слободи, слободното движење на стоки, луѓе, капитал и услуги.

Рама, исто така, посочи дека верува дека дијалогот е оставен на ниско ниво, наместо да биде на врвот на приоритетите.

Слични содржини