Рама: Германија го поддржува „Отворен Балкан”

од Берта Китинска

Албанскиот премиер, Еди Рама, во објава на Твитер, наведува дека германската влада ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“.

„Прекрасно! Германската влада го поддржува „Отворен Балкан“, наспроти она што на луѓето во Приштина и Тирана им го велат оние што не прашуваат за Америка. И не само тоа, бара итно потпишување на договорите за заеднички регионален пазар пред Самитот ЕУ-Балкан на 6 октомври! Отворен Балкан, според германската влада треба да биде сеопфатна и да, се разбира, треба да биде така. Затоа, вратата е отворена, но, ние на сила не можеме да вклучиме никого, ниту пак можеме да чекаме додека им се наполни умот на оние кои не сакаат да разберат дека ова е патот на иднината,напиша Рама, а пренесува „Топ чанел“.

Слични содржини