(ВИДЕО) Рама ги искара младите: Наместо да пиете кафе, помогнете во обнова на урнатините

од Aleksandar Todeski

Наместо додека чекате вработување како адвокати и цариници да пиете кафе, треба да помогнете во обновата на урнатините кои останаа од земјотресите, им посочи премиерот на Албанија, Еди Рама на млади кои седеа во кафуле додека тој поминуваше во Драч.

Младите пак, се пожалија дека немало работа за нив и дека тие се интелектуалци, на што тој им посочи дека додека да најдат работа, треба да заработуваат како градежници и да помогнат.

Рама претходно посочи дека за целосна реконструкција на областите кои беа погодени од земјотресот на 26 ноември минатата година, потребна е и работна сила, за што му се пожалиле и раководителите на градежните компании.

Слични содржини