Рама: Мини Шенген е можност за отстранување на границите

од Nikola Popovski

Албанскиот премиер Еди Рама го гледа „мини Шенген“ како можност за, како што рече, „отстранување на границите меѓу Албанија и Косово“, но верува дека ќе поминат години пред Приштина да го сфати тоа.

Рама тврди дека идејата за „регионален Шенген“ потекнува од поранешниот албански премиер Фатос Нано и дека тој прв ја поттикнал идејата меѓу лидерите на земјите членки на „мини Шенген“, пренесуваат приштински „Репортери“.

Тој исто така смета дека Приштина треба да даде приоритет на дијалогот со Белград, така што Косово би достигнало повисоко ниво во економска и социјална смисла.

„Првиот регионален Шенген беше артикулиран од Фатос Нано во време кога се чинеше лудо. Јас повторно го воведов затоа што беа создадени услови. Регионалниот Шенген значи отстранување на границата меѓу Албанија и Косово, но додека тие во Косово го сфатат тоа, годините ќе помине и Косово ќе изгуби време. Мини Шенген е идеја што јас први ја протуркав и имам сведоци за тоа, откако првпат се собравме во Берлин“, рекол Рама.

Говорејќи за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Рама изјави дека, за него, „иднината на Косово без решеност да се стави крај на дијалогот е нејасна, не во смисла на независноста, туку во однос на капацитетите што можат да бидат на располагање за да се подигне Косово на повисоко ниво, во економски и социјален аспект“.

Слични содржини