Рама најави нова албанска влада во која жени го сочинуваат мнозинството

од Nikola Popovski

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ја најави својата нова влада во која жените го сочинуваат мнозинството, задржувајќи го најголемиот број поранешни министри, но назначи нови министри за финансии и за правда.

Новата влада треба формално да ја потврди парламентот, кој ќе се состане на 10 септември, а дотогаш членовите на владата на премиерот Рама ќе останат на своите позиции, пренесува АП.

Неговата Социјалистичка партија има доволно големо мнозинство за да обезбеди потврда за новата влада.

Рама го обезбеди својот трет последователен мандат на парламентарните избори на 25 април, на кои освои 74 од 140 места во парламентот.

Главната опозициска партија на десниот центар, Демократската партија, освои 59 места.

Актуелните министри за внатрешни работи и за надворешни работи, како и за одбрана, ќе ги задржат своите позиции, додека се утврдени нови имиња за секторите за финансии, правда, туризам и земјоделство.

Од 17 министерски места, 11 ќе бидат на жени.

Слични содржини