Рама од ОН: Сите да го признаат Косово

од Nikola Popovski

Премиерот на Албанија, Еди Рама, ги повика сите на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк да ја признаат независноста на Косово.

Историјата на ОН е историја на постојано проширување, рече Рама и посочи дека Обединетите нации нема да бидат комплетни без „Република Косово“.

Признавањето на Косово би било признавање на новата реалност во Европа, оцени албанскиот премиер.

„Реалноста ни покажа, Косоварите, Србите, сите луѓе на Балканот, Европејците и секој што сака да знае дека независно Косово е реалност веќе 13 години и донесе повеќе стабилност во регионот“, рече Рама.

Тој посочи дека секој ден без договор за меѓусебно признавање на Србија и Косово е изгубено време за младите во тие две земји.

Рама оцени дека само мудроста, храброста и визијата конечно ќе ја ослободат Србија од товарот на минатото.

Тој се осврна и на ситуацијата во Авганистан и рече дека должност е да им се помогне на луѓето во Авганистан и да се спречи враќање во „темната ера“ што човештвото го видело порано.

Рама објави дека Албанија ќе им помогне на Авганистанците како што ги прими Евреите во Втората светска војна и „половина милион нејзини браќа од Косово во 1999 година“.

Слични содржини