Рама од Скопје: Правиме се што е потребно, не ја чекаме ЕУ

од Nikola Popovski

Лидерите и народите на Албанија, Србија и Македонија одлучија да направат се што е потребно и да не чекаат интеграцијата на регионот да зависи од ЕУ, оцени вчера во Скопје албанскиот премиер Еди Рама.

Тој се надоврза на говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ на Регионалниот форум за економска соработка, кој зборуваше за поврзување и укинување на ограничувањата и границите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, нагласувајќи дека трите земји почнуваат да го прават она што „ќе го прават во ЕУ утре “.

„Немаме (причина) зошто да останеме затворени во рамките на нашите граници, со грбот едни кон друиг, и денес почнуваме да го правиме во регионот она што ќе го правиме утре во ЕУ“, рече албанскиот премиер.

Рама посочи дека вчерашниот ден е важен поради „огромното присуство на деловни луѓе не само од Албанија, Србија и Северна Македонија, туку и од Црна Гора, БиХ, Словенија, Грција и неколку други земји“.

Албанскиот премиер за иницијативата за регионална интеграција што ја започна со Вучиќ и Заев, ја нарече „стратешки за Албанија“ и нагласи дека „мозаикот на присутните бизнисмени зборува многу за неговата вредност и колку им е потребен на луѓето“ и дека заедничкиот регионален економски простор може да постигне повеќе отколку што можат тие земји сами.

Отворајќи го Економскиот форум за регионална соработка на Северна Македонија, Србија и Албанија, тој истакна дека дошле претставници на повеќе од 300 компании од трите земји и уште 100 претставници на стопански комори и деловни заедници од други балкански и небалкански земји.

Слични содржини