Рама одбил да стави маска во авион, интервенирала полиција

од Nikola Popovski

Албанскиот премиер Еди Рама предизвикал инцидент во авион, откако одбил да стави маска на лет на компанијата Луфтханза.

Како што пишува германски Шпигел, кога пилотот не успеал да ја реши оваа ситуација, дошла полицијата.

Според сведоштвата на патниците на тој лет, инцидентот се случил на почетокот на декември минатата година, пред да полета авионот на линијата Франкфурт-Детроит.

По одбивањето на Рама да ја стави маската, персоналот во авионот го повикал пилотот, кој исто така неуспешно се обидел да го убеди албанскиот премиер.

На крајот интервенирала федералната полиција која го извадила Еди Рама од авионот.

Дури откако разговарал со функционер на Федералната служба за меѓународни односи, Рама се согласил да стави маска. Луфтханза потоа го распоредила него и десетчлена делегација придружувана од него на следниот лет за САД.

Се размислувало и за можна парична казна, но Карстен Спор, директорот на Луфтханза, за Шпигел изјави дека нема воспоставена процедура за вакви случаи, иако тој директно не го назначил премиерот на Албанија.

Слични содржини