Рама: „Отворен Балкан“ не е српска игра

од Vladimir Zorba

Албанскиот премиер Еди Рама денеска повторно ја критикуваше Приштина дека не се приклучила на иницијативата „Отворен Балкан“, оценувајќи ја како избрзана одлука.

Тој во парламентот изјави дека Србија треба да и се извини на Приштина за наводните воени злосторства, но исто така оцени дека има долг пат и дека е важно да се има предвид перспективата, а не политичката борба, објави „АБЦ Албанија“.

Како што рече, „Отворен Балкан“ не е „српска игра“, туку „дете на Берлинскиот процес“.

„Земјите од регионот влегуваат во нов процес преку „Отворен Балкан“. Земјите учат, практикуваат, се соочуваат со тешкотии, така што кога ќе влезат во ЕУ, можат да донесат одредени заклучоци. Кој е тука предавникот, Србија која е најголема и која ќе има корист?“, праша и додаде:

„Заинтересирани сме за тоа колку ќе добие Косово во соработка со Албанија“, рече Рама, додавајќи дека доколку албанскиот народ не се претстави како народ посветен на мирот, тој е предодреден да загуби.

Слични содржини