Рама: Поединечно сме мали, но заедно сме многу силни и отворени

од Nikola Popovski

„Имаме еден регион кој има потреба да се поврзе меѓусебно. Вистината во врска со инфраструктурата и патишата, се дека земјите постигнаа напредок, а Србија покажа најголем прогрес“, рече албанскиот премиер Еди Рама одговарајќи на новинарско прашање на Економскиот форум.

Тој се надева дека истото ќе може да се каже и за Албанија и Македонија.

„Тука мислам на изградбата на нова железничка линија. Сите три земји во иднина ќе можат да ги воспостават сите можни железнички линии и да ги искористат најдобрите човечки ресурси. Сами поеднично сме мали, нашиот глас не се слуша толку далеку, но заедно сме многу силни и отворени за понатамошно инвестирање“, посочи Рама.

Слични содржини