Рама: С. Македонија е под голем ризик да западне во длабок национализам

од Nikola Popovski

Премиерот на Албанија, Еди Рама вчера на панелот „Проширување на европските хоризонти“ во рамки на Светскиот економски форум во Давос, зборувал за воведувањето на санкции против Русија и усогласувањето на политиките на земјите од Западен Балкан со политиките на ЕУ. Во тој контекст, Рама ја спомна и Северна Македонија.

Тој побара Унијата да ги вклучи земјите од Западен Балкан многу повеќе во европските фондови.

-Санкциите се во ред, но ние немаме фондови за закрепнување.  ЕУ мора да нè вклучи повеќе. Не претендирам да добиеме исто фондови како нашите соседи кои повеќе не се Балкан. Но, нешто мора да добиеме. Северна Македонија мора да добие. Постојано зборуваме за Србија затоа што е во тренд, но Северна Македонија е под голем ризик да западне во длабок национализам што може да предизвика многу неволји. Според моите информации, популарноста на Русија и Путин таму е многу повисока од ЕУ, рекол Рама во присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Слични содржини