Рама: Сите земји од регионот ќе се приклучат на Отворен Балкан

од Nikola Popovski

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека е убеден оти сите земји од регионот ќе станат дел од иницијативата „Отворен Балкан“, пренесува порталот Репортери.

На свеченоста по повод годишнината од германската фондација Фридрих Еберт во Албанија, Рама посочи дека нема друг пат освен „Отворен Балкан“.

„Отворениот Балкан е вистинската идеја во вистинско време и без сомнение сите чекор по чекор ќе ја прифатат идејата. Тоа е иднината, нема друга опција освен да се отвориме еден кон друг“, рече Рама.

Премиерот на Албанија оцени дека ова добило време бидејќи, како што верува, земјите од регионот ќе бидат принудени да го сторат тоа во моментот кога ќе влезат во ЕУ.

Според Рама, никој на Западен Балкан нема луксуз да ја остави економијата на страна и да се занимава првенствено со политика во интерес на партијата.

Премиерот на Албанија оцени дека балканските земји во моментов губат време во напорите да напредуваат во процесот на европска интеграција и додаде дека Албанија нема време за губење.

Рама посочи дека со прифаќањето на „Отворениот Балкан“, земјите од регионот си даваат можности да ги развиваат своите економии.

Слични содржини