Рама: Воопшто не сакав да бидам премиер, јас сум уметничка душа

од Nikola Popovski

Албанскиот премиер Еди Рама повтори дека тој влегол случајно во политиката и отсекогаш сакал да биде уметник.

„Отсекогаш ме исполнуваат животите на уметниците, сликарите и професорите по ликовна уметност, толку многу што никогаш немав амбиции да бидам премиер“, изјавил Рама за француски „Форбс“.

Тој истакнал дека долго се двоумел да влезе во политиката кога му било понудено министерско место, но дека сакал да направи нешто добро за својата земја.

„Албанија имаше многу тешко минато, најтешко од сите комунистички земји, па јас бев нестрплив да учествувам во нејзината реконструкција“, рекол тој, жалејќи се дека додека бил градоначалник на Тирана не бил толку критикуван како што е сега кога е премиер.

Слични содржини