Рама: За Албанците сонцето изгрева таму каде што заоѓа

од Берта Китинска

Албанскиот премиер Еди Рама рече, по повод одлуката на Советот за општи работи на ЕУ да го одложи почетокот на претпристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, дека ЕУ мора да разбере дека проблемот е во нив.

-Што и да се случи, што и да се одлучи во Брисел ние ќе останеме посветени да ја зајакнеме економијата, да ја подобриме благосостојбата на нашите народи и да го сочуваме нашето достоинство. ЕУ може да поставува задачи, може да поставува рокови, датуми, но не може да ја смени локацијата на Албанија и Македонија кои се наоѓаат во средината на Европа, ниту иднината на нашите народи како европски народи во европското семејство, вели Рама коментирајќи ја новата блокада од Бугарија за старт на преговорите со ЕУ на двете земји.

-Албанија го направи својот избор уште во времето на Ѓерѓ Кастриот и го потврди повторно својот избор уште од ерата на националната преродба. За Албанците сонцето изгрева таму каде што заоѓа, а нашата иднина е таму каде што Бог одредил да имаме своја земја, во срцето на Европа, рече Рама.

Слични содржини