Рама за инцидентот на концертот на Бреговиќ: Тоа е средновековна хистерија, не доликува на нашата историја

од Nikola Popovski

Албанската полиција уапси две лица за фрлање солзавец за време на концертот на музичарот Горан Бреговиќ, кого многумина во земјата го критикуваа дека не ја осудува војната во Косово во периодот 1998-1999 година.

Во полициското соопштение се наведува дека 21-годишниот Редон Лека бил уапсен бидејќи фрлил солзавец додека Бреговиќ настапувал на фестивалот на пивото во албанскиот град Корча, пренесува Бета.

Уште еден маж бил уапсен кога се обидел да ја спречи полицијата да го приведе Лека.

Бреговиќ не престанал да пее, но солзавецот предизвикал паника кај некои гледачи.

Присуството на Бреговиќ предизвика национална дебата, при што некои го осудија дека не проговорил ништо против српските злосторства извршени врз Албанците во соседно Косово, додека други изјавија дека уметниците не треба да се мешаат во политика.

Албанскиот премиер Еди Рама ја осуди критиката кон Бреговиќ како „средновековна хистерија“ и го опиша како „еден од најисклучителните музичари на Балканот“.

Рама рече дека пејачот не кажал ништо против Албанците и дека никогаш не го поддржал српскиот режим за време на војната.

„Тоа е фашистичка хистерија, срамна за албанското европско државјанство, за нашата историја и традиција“, напиша Рама на својот профил на Фејсбук.

Бреговиќ ја посети Албанија во 2006 година и одржа концерт, и доби симболичен клуч од Рама, кој во тоа време беше градоначалник. Неговото присуство не предизвика никакви инциденти.

Слични содржини