Рама за тензиите на Косово: „Овие ситуации покажуваат зошто е потребен Отворен Балкан“

од Stefanija Kuzmanovska

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на тензиите на северот на Косово и истакна дека „100 отсто ја поддржува“ владата на Косово.

-Вчерашниот настан е одраз на длабоката тешкотија што постои во овој однос и спроведувањето на суверенитетот на целата територија на Косово врз основа на договорот договорен меѓу Косово и Србија во Брисел. Во овој момент 100 отсто ја поддржувам владата на Косово и властите на Косово да го спроведат договорот – изјави Рама, цитиран од „Газета експрес“.

Албанскиот премиер нагласи дека Приштина донела правилна одлука со спроведување на реципроцитет, а потоа ја одложила за 30 дена и додаде дека во вакви ситуации Косово има две патишта, едниот е враќање и војна, а другиот е да седне на масата на „Отворен Балкан“.

Рама му честиташе на Курти за воздржаноста и за слушањето на нивните сојузници.

– Овие ситуации не покажуваат дека Отворен Балкан е непотребен или погрешен. Не покажуваат дека нашиот пристап кон Србија и политиката на приближување е непотребен. Овие ситуации покажуваат зошто е потребен Отворен Балкан. Тоа е причината зошто Косово треба да седне на масата на Отворениот Балкан. Кога работите ќе тргнат наопаку, постојат два начина, едниот е војната, од која никој не добива, а другиот начин е да се изгради мир. Ние сме луѓе и имаме обврска да им оставиме мир на децата – рече Рама.

Тој додаде дека неговиот пријателски однос со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, не го спречува да не се согласува таму каде што не се согласува.

– Србија е тука, Косово е тука, никаде не оди – рече Рама.

Слични содржини