Рама: Зошто Црна Гора и БиХ не ни се приклучат на иницијативата?

од Nikola Popovski

„Не ја разбирам Црна Гора, зошто не ни се приклучи. Дали мисли дека може да се реши економијата, ако останат затворени кон оваа иницијатива. Што е сериозен проблем овде?“, прашува премиерот на Албанија, Еди Рама, зборувајќи на Економскиот форум во Скопје.

Тој исто така ја прашува БиХ што мислат и зошто исто така не се приклучат на регионалната соработка меѓу Македонија, Албанија и Србија.

„Знам во кој правец размислува Косово. За мене сите овие земји треба да бидат дел од процесот за своите граѓани“, напомена Рама.

Тој посочи дека сите тие се овде за иднината и дека само така ќе се решат сите проблеми.

„Овде формиравме амбиент кој живее со европските вредности. Сите камиони во регионот ќе чекаат помалку на гграниците“, информира Рама.

Слични содржини