Рамадани: Гаранцијата на Мијалков од 11 милиони евра е голема сума

од Nikola Popovski

Во земјите каде што одамна профункционирала правдата, има вакви случаи кога се ослободуваат лица од притвор. Сепак, лошото е лицето за кое зборуваме вечерва го бие лош глас со години, затоа што имаше клучна функција, вели политичкиот аналитичар Исмет Рамадани во гостувањето на емисијата „24 анализа“, говорејќи за денешната одлука на Апелација за ослободување од притвор на поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков.

Тоа што не ми се допаѓа, вели Рамадани, е што едните велат дека ова е за секоја критика, а од друга страна од опозицијата велат дека ова е политичка пропаганда.

-11 милиони евра како гаранција е голема сума. Нормално е да имаме вакви ситуации. Играта за два часа се смени и ја видовме. Мијалков е пак во притвор, додава Рамадани и потенцира дека судските одлуки не треба да бидат коментирани од политичарите.

Слични содржини