Рамадани: Изјавата на Рама е позитивна провокација до ЕУ и Бугарија, да ја сфатат сериозно ситуацијата во Западен Балкан

од Берта Китинска

„Албанија веќе не може да чека двата соседи да го решат спорот“, рече албанскиот премиер Еди Рама и додаде дека не е оптимист дека Бугарија наскоро ќе го тргне ветото кое го стави на почетокот на официјалните преговори за пристапување на земјава кон ЕУ во 2020 година.

-Албанија ќе побара од Европската Унија да го продолжи процесот на пристапување во Унијата одвоено од соседна Северна Македонија, која сè уште се соочува со бугарско вето, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

Според политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, изјавата на албанскиот премиер е „позитивна провокација“ упатена кон ЕУ и Бугарија.

-Изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама е во контекст на една позитивна провокација до ЕУ и Бугарија како нејзина членка, да ја сфатат сериозно ситуацијата во Западен Балкан во однос на интегративниот процес.Воедно неговата изјава може да се толкува и како порака до одредени деструктивни опозициони структури кои прават се да не успеат преговорите со Бугарија, дури бараат да се прекинат истите, вели Рамадани за „Локално“.

Поранешниот пратеник смета дека Рама е подготвен да направи се за заедно С.Македонија и Албанија да ги започнат преговорите за членството во ЕУ.

-По средбата Радев-Мета, имаше тонови на поддршка за Албанија, но тоа не го прифаќа ЕУ,само беше еден обид на претседателот Радев, да се ослободи од притисокот, наводно да не му биде пречка на премиерот Петков во евентуалното решение на проблемот со РСМ.Рама е наш голем пријател и перфектен играч со зборови.Тој ќе направи се да успееме заедно да ги започнеме пристапните преговори со ЕУ.Има работи кои се случуваат во наш прилог,кои не мора премногу да ги потенцираме, подвлекува политичкиот аналитичар.

Рамадани е оптимист дека до крајот на француското претседателство може да се постигне договор меѓу Скопје и Софија.

-Можно е,како не.Војната во Украина е страшна и трагична, но индуктивно ги отрезнува тие кои мислеа да продолжат да ги спречуваат евростлантските интеграции. Република Бугарија и Република Северна Македонија како членки на НАТО,одлично соработуваат,меѓу другото,во откривање на русофилите кои се обидувале да го минират евентуалниот меѓусебен договор.Сака некој или не, договор ќе има.Стратешките цели на САД и ЕУ во Западен Балкан дојдени се до-СЕГА И ВЕДНАШ!Тука сме и ние!Веќе и јуни е далеку!, смета тој.

Според него проблемот со Бугарија веќе станува безбедносен проблем за регионот.

-Се по чести се обидите за сајбер атакување и интензивни лажни вести со величење на човек монструм стануваат соучесници во пеколот на недолжни луѓе опфатени со војната во Украина.По се изгледа уште важи Исусовата ‘Прости им Боже,не знаат што прават!’.

Б.М.

Слични содржини