Рамадани: Ќе попушти Бугарија по притисокот од земјите членки на ЕУ кои застанаа зад С.Македонија

Во своето гостување во „Само вистина“, политологот Исмет Рамадани, го посочи своето гледиште во рамки на преговорите со Бугарија и евроинтеграциите на земјава во ЕУ.

„Бугарија нема да успее да го пробие овој коридор од заштита на дел од земјите членки од ЕУ. За вакви прашања е важно да се соработува со Владата. Пожелно е да внимаваме како градиме демократија во нашите односи и за тоа сите сме одговорни. Бугарија е внатре, а ние надвор. Заев беше нападнат за интервјуто, но тој се обиде со сите свои обиди да не падне довербата, со цел, Бугарија да се откаже од ветото. Тој е меѓу најразочараните“, истакна Исмет Рамадани.

Слични содржини