Рамадани: Мицкоски сфати дека деструктивното дејствување треба да има крај и не носи резултати

Во рамки на своето гостување во „Само вистина“, Исмет Рамадани се осврна на разговорот помеѓу Мицкоски и Заев и денес донесените заклучоци врзани за пописот, но и блокадата на Собранието.

„Мислам дека дефинитивно лидерот на опозицијата сфати дека деструктивното дејствување треба да има крај и дека тоа не носи никаков резултат. За поздравување е што Заев ја прифати средбата секако и нормално е бидејќи сме навикнати, кога американската администрација сака да постигне нешто во добробит на С.Македонија, тие знаат како да го постигнат тоа и сметам дека несомнено има влијание разговорот со Палмер. Што е најважно има малкумина од оние кои се занимаваат со политика, и не се радуваат на еден ваков договор односно компромис. Па така, колку е поконструктивен Мицкоски во поглед на интересот на граѓаните, толку тоа е подобро“, истакна Рамадани.

Слични содржини