Рамадани: На Бугарија и е даден сигналот дека треба да ја крене рампата за С. Македонија

од Andreja Salpe

Претседателот на евро-атланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани во своето готување во емисијата Само Вистина на Канал5 Телевизија истакна дека Р. Бугарија веќе би требало да биде свесна дека идентитетот и јазикот на претстојните преговори нема да бидат предмет на расправа.

– Чинам дека имаше потреба уште еднаш да им се повтори на челниците на Европската Унија дека не се разговара и не може да се разговара за идентите и јазик, а во исто време од таму стигнува и пораката до бугарските политичари и експоненти дека нема место и дека нема да се разговара за идентитетот и јазикот. Во исто време, мислам дека ЕУ се наоѓа во еден притисок на нивната совест, како што впрочем и истакна Борел дека С. Македонија ги исполнува сите услови да се одржи таа меѓувладина конференција, а во исто време ги исполмнува условите, а не се одржува таа меѓувладина конференција. Тоа значи дека прстот е вперен прстот кон државата која во овој момент е пречка за земјава.

Тој напомена дека доколку не се разговара за идентитетот и јазикот, ќе останат другите работи кои што се наведени во Договорот за добрососедство што треба С. Македонија да ги исполни.

– Во случај да не се преговара за идентитетот и јазикот, опстануваат работи кои произлегуваат од договорот за добрососедство. Тоа се работи за кои може да се разговара. На пример, историската комисија треба да продолжи со своите средби, но тоа никако да не биде пречка за да се одржи претстојниот самит. Ние веќе имаме таква пракса, да историската комисија продолжи со работа, со веќе отпочнати преговори.

Слични содржини