Рамадани: Партијата на власт се мобилизира да го положи поправниот испит

од Берта Китинска

Во првиот круг неочекувано добри резултати имаше опозицијата, изненадувачки е што СДСМ во некои градови покажа слаб резултат, вели Исмет Рамадани, поранешен пратеник во Студио 10 на ТВ24.

– Сега има ситуација, кога партијата на власт се мобилизира да го положи поправниот испит, да санира нешто во вториот круг, мислам дека има шанси И во вториот круг се почнува од нула. Прво личноста, кандидатот доаѓа во вториот круг во предвид, па и партијата колку ќе биде организирана, коалицискиот капацитет. Ако тоа се земе во предвид, се научи нешто од грешките. Бројките се отприлика 380.000 гласови за коалицијата на власт и околу 340.000 гласови за опозициската коалиција – вели Рамадани.

Слични содржини