Рамадани: ВМРО-то на Мицкоски се уште не е ослободена од ,,шефот’’ за да се реформира

од Берта Китинска

Доктрината и новата епоха на ВМРО-ДПМНЕ  е добро спакувана, но се прашувам дали има доволен демократски капацитет во тоа раководство за да се спроведува. Мислам дека ВМРО-то на ,,Мицкоски’’се уште не е ослободена од ,,шефот’’ за да се реформира.Сега за сега ме радува фактот што се осмелија да објават една декларативна доктрина, вели во интервјуто на „Локално“  поранешниот пратеник и политички аналитичар Исмет Рамадани.

За тоа дали Ковачевски  ќе донесе обединување во партијата  според аналитичарот, Заев научената лекција ќе може најдобро да му ја пренесе на новиот лидер на СДСМ.

-Неговата високоморална оставка доаѓа како резултат на високо поставени стандарди на лидер кој остава простор времето да покаже за неговото лидерство базиран на човечки вредности.Новиот лидер Ковачевски,изгласан на слободни партиски избори,се надевам ќе продолжи од таму каде застана Заев, вели Рамадани.

Изборите кај двете најголеми партии завршија, во СДСМ дојде до „смена на врвот“, додека Мицкоски доби нова шанса да го „напаѓа“ премиерското столче. Што оттука за двете партии?

На последните локални избори се случи еден ,,шокантен,, пораз на СДСМ и една неочекувана убедлива победа на ВМРО.Поразот кај првите е поради одредени слабости во сфаќањето како да се одговори на силната пропаганда на вторите кои ја претворија во победа.Атакот скоро сто насто беше фокусиран во дискредитирање на личноста на Заев.Таа пропаганда не престанува,уште посилна е со намера неговата оставка да им даде простор до централната власт со најчудни неуспешни комбинации.Мнозинство по секоја цена!Ама….!

Ковачевски вели во СДСМ нема место за дворски игри, „шанса ќе добијат и ветераните“. Ќе донесе ли новиот лидер обединување во партијата и дали тоа е најголемиот проблем внатре во партијата по изгубената победа на локалните избори?

Лекцијата најдобро ја научи Заев,за да ја пренесе кај новиот лидер на СДСМ.Неговата високоморална оставка доаѓа како резултат на високо поставени стандарди на лидер кој остава простор времето да покаже за неговото лидерство базиран на човечки вредности.Новиот лидер Ковачевски,изгласан на слободни партиски избори,се надевам ќе продолжи од таму каде застана Заев.Во него,гледано од аспект на едукација,фамилјарна и образовна,немам дилеми дека уште посилно ќе продолжи да ги имплементира социјалдемократските вредности во концептот ,,Еднакво општество за сите’’.Кадрите,,стари и млади’’ќе мораат да разберат дека ќе бидат ангажирани толку колку заслужуваат,со знаење,одговорност и чесна работа.

По договорот за влез во Владата, започна превирањата во Алтернатива. Лидерот Гаши би останал во коалицијата и без датум за отпочнување на преговорите, но неговиот сопратиец Реџепи смета дека нема потреба да бидат дел од Власта доколку нема почеток на преговори со ЕУ. Што очекувате да се случи?

Алтернатива е партија која во своите редови има луѓе кои тивко и трезвено ги анализираат нивните политички постапки.Затоа,и на моменти кога некој се обидува да ги манипулира и понижи,тие реагираат со потези кои одат во прилог на сите граѓани и на државата.Алтернатива нема да се врза за овие декемвриски датуми за почетокот на преговорите со ЕУ,туку сакаат да го докажуваат нивниот влог во владата со конкретни превземени одговорности.Евентуалниот разумен рок,а има такви индикации,за договор со Бугарија,ќе биде и во нивен прилог како партија.Нивниот партиски еснаф знае одговорно да се однесува за доброто на Албанците  и сите граѓани на РСМ.Во нивните редови има вреден квалитет кој брзо и сигурно ќе се препознава. Времето ќе покаже!

Од опозицијата велат дека покрај резултатот од локалните избори сега има уште една суштинска причина за предвремени избори, а тоа е уште едната блокада на евроатланскиот пат. Очекувате ли ова ново мнозинство да го истурка мандатот до крај или ќе одиме на нови избори на пролет?

Новото мнозинство е создадено токму затоа,да го истурка мандатот.Kоја е логиката да имаш солидно мнозинство во парламентот и да гласаш за предвремени избори,само затоа што тоа го бара опозицијата.Зарем уште еднаш да се подлегне на пропагандата на опозицијата,свесно или несвесно,засилена од ,,непознато“. Политичка лудост е да се оди на предвремени избори кога сме во екот на предизвици како што се,пред прагот на отпочнување на преговори со ЕУ,пандемијата и енергетската криза.Заборавете го тоа…!

Мицкоски во неделата најави втора епоха во ВМРО-ДПМНЕ, доктрина која ќе ја смести партијата меѓу прогресивните партии во европското општество, најавувајќи нов договор. Можно ли е вакво „нереформирно“ ВМРО да ветува било што, а камоли напредок на државата?

Што се однесува за доктрината и новата епоха,добро е спакувано, но се прашувам дали има доволен демократски капацитет во тоа раководство за да се спроведува. Мислам дека ВМРО-то на ,,Мицкоски’’сеуште не е ослободена од ,,шефот’’ за да се реформира.Сега за сега ме радува фактот што се осмелија да објават една декларативна доктрина.

Петков сигнализира дека Софија е подготвена да стави крај на блокадата на европскиот пат на Северна Македонија. Вели дека ќе предложи куса, шестмесечна рамка за надминување на спорот. Османи веќе изјави дека ова е долг период, па каде би можеле да се најдат „на средина“ двете земји?

Новиот  бугарски премиер пристоен е во неговите изјави,но уште е под стегите на тие кои му ја спомнуваат нивната национална декларација од Парламентот,која некој од земјата на Харвард треба да му ја симне од вратот.Треба некој да му го скрати рокот за договор,а и ние да продолжиме да го сработиме нашиот дел за ефикасни и достоинствени компромисни решенија кои нема да задираат во македонскиот идентитет.

Заев најавува дека на премиерската функција ќе биде до 15 јануари. Сметате ли дека Заев треба треба да остане подолго на функцијата, за да биде како дополнителна гаранција на она што ќе се договори со новиот бугарски премиер Кирил Петков?

Ceкако,заради контуинитетот на преговорите добро е да ја реши и ова круцијална задача за државата,за да остане најдобар модел за идните генерации што значи прав и одговорен лидер.Но,ако се одложи решението,сигурен сум дека на новиот мандатар Ковачевски ќе му помогне со душа и памет да се постигне најдоброто решение што побрзо е можно.Ние кои веруваме во евростлантските вредности ќе им бидеме на испомош да не дозволиме уште еднаш пропагандата да ги обезхрабри прогресивните лидери и граѓани на нашата татковина.

Б.М.

Слични содржини