Рамадани: Во однос на идентитетот и македонски јазик, ние Албаниците сме најкоректни

од Берта Китинска

Со оглед на тоа што Бујар Омани се изјаснува како Албанец, но живее во Македонија, како еден Албанец пристапува кон прашање за односот Бугарија – Македонија и дали е порастеретен доколку би станувало збор за Македонци, вели поранешниот прстеник Исмет Рамадани потенцирајќи дека дека Бујар го дава максимумот за доброто на С. Македонија и дека никогаш не би ја ставил пред Бугарија.

– Со оглед дека Бујар Османи е Албанец можеби влегува со помала емоција, но внимава да не направи грешка во однос на Македонците и да не ги стави во незадоволителна позиција во разрешувања на проблеми со Бугарија. Не би ги ставил Македонците пред Бугарите. Во однос на јазик ние не се разликуваме, ние сме народи кои вековно се боревме да бидеме слободни и да имаме права. Ние како Албанци не сме се бореле со востанија, не се одликуваме со империи само баравме слобода и независнот. Историскиот наратив ни е сличен и затоа ги разбираме Македонците. Во однос на идентитетот и македонски јазик, мора да се признае дека ние Албаниците сме биле најкоректни, не само од Албанците кои живеат во Македонија, туку и никаде нема од Р.Албанија дека не постои македонска нација. Мислам дека Бујар, министерот за надворешни работи се труди максимално за најдоброто на Македонија, изјави Рамадани во „Студио 10“.

Слични содржини