Рамос утре на лекарски прегледи во Париз

од Vladimir Zorba

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос официјално ќе стане фудбалер на Пари Сен |ермен во среда или четврток, пренесe „Екип“.

Тој во среда ќе помине лекарски прегледи во француската престолнина и ќе потпише договор со ПСЖ до летото 2023 година, откако веднаш ќе започне со тренинзи со екипата на Маурисио Почетино.

35-годишниот шпански дефанзивец, кој е светски шампион од 2010 година, ќе стане третото официјално ново засилување на францускиот вицешампион за новата сезона. Пред него, ПСЖ потпиша Жоржињо Вајналдум (како слободен агент) и Ашраф Хакими, кој се приклучи на клубот од Интер за 60 милиони евра.

ПСЖ ќе биде третиот клуб во кариерата на Серхио Рамос, кој ја напушти Севиља и во 2005 година се пресели во Реал Мадрид.

Слични содржини