Рампа за Србите: Од утрoво затворени грчките граници

од Aleksandar Petrovski

Грција ги затвори своите граници за Србите од 6 часот наутро. Предупредување до граѓаните на Србија да не одат на патот кон таа земја.
Одлуката на грчката влада важи од утрово до 15 јули, а донесена е затоа што голем број случајно тестирани патници кои пристигнале биле позитивни за вирусот корона.

Грчката влада донесе одлука да им забрани на туристите од Србија да влезат во земјата од 6 часот утрово до 15 јули, откако се покажа дека голем број случајно тестирани патници, кои се таму од 15 јуни, се позитивни за вирусот корона потврди за српски Курир министерот за туризам Расим Љајиќ.

Сè уште не е познато што ќе се случи со платените аранжмани на граѓаните кои требаше да патуваат таму деновиве, но извесно е дека околу 24.000 српски туристи кои се веќе таму можат да ги завршат летните одмори без никакви проблеми.

„Ги предупредуваме граѓаните да не одат во Грција за да ја избегнат ситуацијата што голем број наши граѓани се наоѓаат на патот или на грчките гранични премини без можност за влез на територијата на Грција“, рече министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ во неделата за Танјуг.

Тој рече дека српските граѓани, кои веќе се во Грција како туристи, ќе можат да останат таму до крајот на аранжманот и потоа да се вратат во Србија.

Портпаролката на атинската влада Аристотелија Пелони, објави АНА, рече дека „според новите епидемиолошки податоци, решено е да се запре влезот на српските граѓани во Грција од понеделник, 6 јули, од 06:00 часот наутро до 15 јули“. .

Слични содржини