Рангелова: Сакам очи в очи да се пресметаме со тие што ме обвинуваа

од Берта Китинска

Ослободена од одговорност за судскиот предмет „Шамарите во Центар“ е поранешната пратеничка Даниела Рангелова.

„ Сега си ја докажав правдата и сега можам слободно да се пресметам со тие што ме обвинуваа. Со овие аргументи сега, излегува токму спротивното – она што го тврдеше Мицкоски и компанија. Можеби не се чувствува за достоинствено дека треба да излегува со некој бивш функционер од партијата, но со оглед на моето партиско искуство би сакала очи в очи да се пресметаме, кој одработува за оваа власт, дали ние или тој, изјави  Рангелова по судењето.

loading...

Слични содржини