Рангеловиќ: Наместо блокада, би било мудро опозицијата да ја наметне својата конструктивност во справувањето со кризата

од Vladimir Zorba

Од утре пратениците во Собранието на С.македонија ја продолжуваат работата по летните одмори.

Ситуацијата на политички план во период што ни претстои ќе биде усложнета поради глобалните процеси, вели за „Локално“ политикологот Иво Ранѓеловиќ.

-Ситуацијата на есен ќе биде усложнета пред се поради глобалните процеси, односно криза на безмалку секое поле почнувајќи од енергетиката, преку економијата, па се до безбедноста. На ова се надополнува и фокусот на опозицијата за предвремени избори, која согласно околностите не би требало да биде приоритет. Ако земеме предвид дека опозицијата има поволна состојба да победи на следни избори, рациото кажува дека наместо блокада би било мудро опозицијата да ја наметне својата конструктивност во справувањето со кризата предизвикана на глобална ниво, вели Ранѓеловиќ.

Во однос на тоа дали постои можност да се обзбеди двотретинско мнозинство за промена на Уставот во овој парламентарен состав, политикологот децидно вели дека „доколку не поминат уставните измени, Македонија ќе биде самата на себе кочница на евроинтегративниот пат“

Иво Ранѓеловиќ

Иво Ранѓеловиќ

-Последната промена на Уставот, која е воедно и дериват на децениските пазарења во македонското Собрание, остава легитимен простор за да веруваме во негова повторна промена. Овој пат, со оглед на прифаќањето на францускиот предлог, доколку не поминат уставните измени, Македонија ќе биде самата на себе кочница на евро-интегративниот пат. За жал, испаѓа дека е нерационално да не се изгласаат уставните промени, согласно постојната состојба. Останува да сведочиме на пазарот во Собранието и неизбежниот циркус, смета тој.

На прашањето за тоа дали е можно да се случи сценариото како со Преспанскиот договр во однос на уставните измени кои се клучни за започнувањето на ЕУ процесот, политикологот смета дека ќе нема потреба од „некакво сценарио“.

-Во однос на Преспанскиот Договор сега ситуацијата не нуди избор. Прифаќањето на Францускиот предлог јасно го условува интегративниот процес и не остава простор ниту за дебата по оваа точка. Не гледам ниту потреба од некакво сценарио бидејќи секоја поинаква одлука ќе ги закочи процесите без при тоа да биде понудена рационална и алтернативно решение. Сепак, македонската политичка култура не почива врз соодветен капацитет за да се издигне над неизбежниот циркус и по ова прашање, вели тој.

Ковачевски ги повика сите 120 пратеници да ги поддржат уставните измени

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека пратениците кои ги претставуваат граѓаните треба да бидат на висина на задачата и ги повика сите 120 да поддржат продолжување на патот на земјава кон полноправно зачленување во ЕУ.

Премиерот воедно порача прашањата како што се уставните измени, да не се користат за теснопартиски интереси.

-Верувам дека сите 120 пратеници треба да ги поддржат уставните измени зашто со нив се внесуваат делови од други народи кои живеат тука, кои изразиле желба да бидат дел од нашиот Устав. Ние веќе имаме повеќе делови од народи кои се дел од Уставот, покрај македонскиот народ. Постојат држави со дури 25 народи во Уставот, како Хрватска и тоа само ја збогатува општествената кохезија. Во однос на доволниот број пратеници кои би ги гласале уставните измени кажав дека е обрвска на секој пратеник, зашто имаат обврска кон граѓаните и државата во однос на европската иднина. Заатоа постои дискусија во Собранието која треба да е базирана на аргументи, факти и на перспективите на државата, посочи Ковачевски.

Пендаровски скептичен за двотретинско мнозинство

Претседателот Пендаровски смета дека во досега потпишаните документи нема никаква опасност кон македонскиот идентитет и јазик, а дека ставот на опозицијата е наметнат од внатрешнопартиска логика.

– Вие не можете со сила никого да натерате (да гласа), ако од сегашната опозиција мислат дека документиве се опасност за македонскиот народ. Јас не мислам така. Моја проценка е дека многу тешко ќе се дојде во овој парламентарен состав до две третини, затоа што, колку што јас можам да проценам, опозицијата во македонскиот Парламент го чита договорот со Бугарија, односно преговарачката рамка со Европската Унија – низ партиска диоптрија, рече Пендаровски.

ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на промена на Уставот

Лидерот на Христија Мицкоски вели дека неговата партија нема да даде поддршка за уставните измени.

-И има поедини размислувања во јавноста околу тоа дали ќе има промена на Уставот или ќе нема, еве и Пендаровски тоа го констатира конечно тоа што јас го најавив, а тоа е дека во моментот под овие околности ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на промена на Уставот, а со цел вклучување на дел од бугарскиот народ во Преамбулата, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Б.М.

Слични содржини