Рапер убиен со 8 куршуми, почина во болница

од desk2

Раперот Кевин Фрет почина вчера на возраст од 25 години во раните утрински часови во Порторико. На него пукал, за сега непознат човек, додека возел мотор по Сан Хуан.

Фрет почина во болницата Рио Пидарес, а полицијата се уште го истражува неговото убиство. Гардијан пренесе дека пејачот бил погоден осум пати, а ова е второ убиство во Порторико од почетокот на годината.

Кевин отворено се декларираше како геј. Тој се проби на латиноамериканската сцена лани со песната “Soy Asi”.

Велеше дека е пример за младите хомосексуалци и лезбијки.

„Не ми е гајле кој што ќе каже. Ќе се однесувам како сакам – ќе имам руса коса, црни нокти, ќе го покажувам стомакот и ќе светкам од глава до пети. Затоа што сум пример за малдите геј момци и лезбијки“, велеше тој.

Во јуни лани беше обвинет за напад на еден човек во Мајами, по кого наводно, фрлил шише, затоа што бил хомофобичен.

Слични содржини