Раперот поради кој избија немири во Шпанија доби две и пол години затвор

од Stefanija Kuzmanovska

Судот во каталонскиот град Леида синоќа ја потврди новата затворска казна за раперот Пабло Хасел во траење од 21 месец за физички закани на сведок на судење и попречување на самото судење во 2017 година, па заедно со претходната казна поради спорни стихови и објави, тој беше осуден на вкупно две и пол години затвор.

Хасел, 33-годишен музичар со радикални левичарски политички ставови, минатата година беше осуден на девет месеци затвор за навреда на шпанскиот крал и институции и за „величење на тероризмот“.

Откако беше уапсен во вторникот за издржување на казната, започнаа насилни протести во неколку шпански градови, при што во средата беа повредени 55 лица, меѓу кои 35 полицајци, додека десетици демонстранти беа уапсени.

Судот во Леида, каде што е роден Хасел, го осуди на една година и девет месеци затвор на 5 март за закана на сведок на судењето на локалните полицајци. Хасел поднесе жалба, но казната беше потврдена во четвртокот.

Слични содржини