Расчистена дива депонија во Гази Баба – отстранети 40 кубни метри отпад

од Vladimir Zorba

Во рамките на голема акција за генерално чистење на општината Гази Баба, ЈП Комунална хигиена ја исчисти обемната дива депонија лоцирана во дворот на поранешната управна зграда на Јавната установа за згрижување деца со социјално-воспитни проблеми „Ранка Милановиќ“, сместена на улицата Перо Наков.

Од оваа локација, отстранети се 40 кубни метри отпад, соопштија од администрацијата на Данела Арсовска.

„Од почетокот на акцијата за чистење на општината Гази Баба, во специјалните садови што ЈП Комунална хигиена ги постави на пет локации во оваа скопска општина беа одложени приближно 50 кубни метри кабаст отпад коишто се подигнати и транспортирани од страна на екипите на претпријатието. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ рачно и машински ги исчистија булеварите и улиците, а направија и дезинфекција на контејнерите на јавните површини“, додаваат оттаму.

Слични содржини