Расчистена тешка кражба во Чаир

од Vladimir Zorba

СВР Скопје – Единица за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Чаир расчисти „тешка кражба“ и ќе поднесе кривична пријава против А.М.(25) од Скопје за извршено кривично дело по чл.236 „Тешка кражба“ и против Б.Р. (25) од Скопје за извршени кривични дела „Тешка кражба“ по чл.236 и „Напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“ по чл.383 од Кривичниот законик.

Имено, на 29.07.2021 околу 01.45 часот, полициски службеници од Полициска станица Чаир ги затекнале двете лица непосредно по извршување на кривичното дело „тешка кражба“ во менувачница во трговски центар на подрачјето на Чаир и при обидот да бидат фатени, Б.Р. физички нападнал полициски службеник.

По преземени мерки и активности на 30.07.2021 А.М. и Б.Р. биле приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив, тие во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела.

Слични содржини