Рашфорд го реши Тотенхем на Мурињо (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е творец на победата на својот тим, откако постигна два гола во победата од 2-1 над Тотенхем. Жозе Мурињо се врати на „Олд Трафорд“ како менаџер на Тотенхем, но неговата екипа го доживеа првиот пораз под водство на Португалецот.

Јунајтед ја забележа само петта победа оваа сезона која во моментот го носи на шестата позиција на табелата во Премиерлигата.

Деле Али беше стрелец на голот за Тотенхем на Олд Трафорд.

Слични содржини