Рашфорд: Ќе се вратам пред крајот на сезоната

од Aleksandar Petrovski

Маркус Рашфорд објави дека дефинитивно ќе се врати пред крајот на сезоната и со тоа ги отфрли тврдењата дека ќе биде далеку многу подолго од очекуваното.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед доби скршеница на грбот, а од клубот објавија дека нема да игра барем 6 недели.

Сепак, имаше гласини дека неговото отсуство може да трае 3 месеци, па дури и да го пропушти остатокот од сезоната.

Сепак, откако му посакаа брзо закрепнување од Премиер лигата, Рашфорд одговори на Твитер: „Благодарам момци. Верувам дека ќе се вратам во игра пред крајот на сезоната за да му помогнам на тимот да влезе во Топ 4“.

Клубот бара замена, а очекувањата се да биде привлечен фудбалер со краткорочен договор. Вечерва „црвените ѓаволи“ се домаќини на Барнли во натпревар од Премиер лигата.

Слични содржини