Рашковски донесен во Кривичниот суд, обвинителството бара притвор

од Берта Китинска

Утрово од страна на полицијата беше приведе поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Заедно со Рашковски е приведен и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп”.Тие се во Кривичниот суд каде треба да дадат исказ.

Од ОЈО Скопје соопштија дека во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, меѓу нив и поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски, за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик. Заедно со Рашковски е приведен и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп“. Притворот се бара поради предметот поврзан со набавката на софтверот.

Рашковски, пред неколку дена поднесе оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на владината програма. По бројните критики во јавноста и неколкуте случаи коишто беа отворени за него, тој во својота неотповиклива оставка вели дека се повлекува за да го зачува достоинството и интегритетот.

Фото:Принтскирн

Слични содржини