Рашковски купил уште еден свој патент што не го користи ниедна институција

од Vladimir Zorba

Драги Рашковски, владиниот генерален секретар, купил уште патент од „Рашковски-иноваторот“ што не го користи ниедна институција: Кабина за гласање за 105 илјади евра народни пари, велат од 360 степени за новиотслучај, закој подетално ќе дознаеме во вечерашната емисија.

По одлука на судија во претходна постапка, на Рашковски првично му беше изречена мерка куќен притвор, откако обвинителството покрена истрага за набавката на софтвер за Министерството за внатрешни работи, а кој полицијата не го користи. Поради можноста Рашковски да влијае врз сведоци, на поранешниот Генсек му одредена мерка притвор.

Обвинителството поведе истрага против Рашковски за софтвер што тој во име на владата го набавил од фирмата „Инвока груп“. Според досегашните објави на македонските медиуми, Министерството за внатрешни работи не доставило барање за набавка на таков софтвер, кој чинел околу 80.000 евра.

Слични содржини