Рашковски нуди половина милион евра за да излезе од притвор

од Берта Китинска

Драги Рашковски, поранешен Генерален секретар на Владата, нуди половина милион евра гаранција за да излезе од притвор објави 360 степени.

Од обвинителството, велат дека понудената гаранција е во висина од околу 500 илјади евра.

„Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелациониот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција“,велат од ЈОРМ.

Рашковски е во притвор од 21 – ви април, тој е осомничен за набавка на софтвери, а според обвинителството за организиран криминал и корупција, преку јавните набаки кои тој ги спровел направена е штета врз буџетот од околу 180 илјади евра.

Слични содржини