Рашковски од Мексико: Да ги оставиме институциите да си ја вршат својата работа

од Nikola Popovski

„Единствен исправен начин за дознавање на вистината е преку институциите. Така што, треба да ги оставиме институциите да си ја вршат надлежноста“, кратко изјавил за ТВ Сител, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, откако ОЈО отвори предмет за софтверот кој го набави.

Обвинителството денес соопшти дека следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација.

„По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, велат од ОЈО.

Софтверот за сообраќајни прекршоци од компанијата Инвока груп чинел 81.000 евра, а Рашковски наводно го набавил без знаење и согласност на Министерството за внатрешни работи.

Рашковски патентирал сличен софтвер за сообраќајни казни пред да го купи од Инвока како генерален секретар на Владата.

Слични содржини