Расист со автомобил влетал во демонстранти, убил една жена (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Една жена беше убиена, а три лица полесно повредени вчера во Минеаполис кога неименуван маж влетал со својот автомобил во група антирасни демонстранти, соопшти локалната полиција.

Демонстрантите протестираа против смртта на еден Афроамериканец кој беше убиен од полицијата во тој град на почетокот на јуни, во кој беше убиен и Џорџ Флојд, чија смрт предизвика масовни антирасистички протести во САД и ширум светот.

Демонстрантите го извлекле возачот, белец, од автомобилот и го задржале додека не пристигне полицијата, според фотографиите објавени на социјалните мрежи и полициското соопштение.

Една демонстрантка била префрлена во локалната болница во критична состојба, каде починала. Уште три лица се здобиле со полесни повреди. Возачот можно е да бил под дејство на дрога или алкохол за време на злосторството, сметаат истражителите.

Демонстрантите ја демонстрираа смртта на Винстон Смит Џуниор, афроамериканец, убиен од полицајци на 3 јуни, обидувајќи се да го уапсат. Полицијата тврди дека тој бил убиен во размена на оган и дека во неговиот автомобил биле пронајдени пиштол и муниција. Неговиот придружник тврди дека тој не бил вооружен.

Слични содржини