Расистички навреди кон Погба после утнатиот пенал

од Vladimir Zorba

Францускиот репрезентативен фудбалер, Пол Погба, синоќа беше трагичар на натпреварот помеѓу Вулверхемптон и Манчестер јунајтед, откако утна пенал со кој можеше да им донесе водство и победа на „црвените ѓаволи“.

Промашувањето на Погба налути некои од најекстремните фанови на Манчестер, па по социјалните мрежи може да се прочитаат навреди на расистичка основа упатени кон Французинот.

Од „Твитер“ бришеа профили на луѓе кои упатуваа навреди, и рекоа дека нема да толерираат такво однесување и говор на омраза.

Инаку, од здружение кое се бори против расизмот во Велика Британија, во јули објавија дека бројот на расистички навреди е зголемен за 43 проценти во однос на минатата сезона.

Слични содржини