Расистички скандал на Изборот за мис на Франција

од Stefanija Kuzmanovska

Изборот на првa придружничка на Мис на Франција за 2021 година предизвика голем број на коментари на социјалните мрежи што министерот за внатрешни работи нареди истрага и обвинение против оние кои шират омраза кон 21-годишната девојка која го претставуваше францускиот регион Прованса на изборот за убавина.

„Ја мобилизирав полицијата и жандармеријата“, рече Жерар Дарманон, министер за внатрешни работи, ден откако натпреварот за убавина беше засенет од ксенофобичен, расистички скандал.

Причината за многуте отворени и заканувачки коментари за младата убавица Ејприл Бенајум, која беше на чекор до претставување на Франција на светскиот натпревар, беа нејзините корени, кои ги откри во едно интервју во саботата кога беше финалето во Франција.

Нејзината мајка има „српско-хрватско потекло“, а нејзиниот татко има „израелско-италијанско потекло“, изјави Бенајум и предизвика голем број коментари на Твитер, пренесува „Танјуг“.

„Хитлер не те заборави“, коментираше еден од корисниците на Твитер, а останатите коментари беа со сличен тон.

Според британски Тајмс, „најмалку 40.000 коментари на таа социјална мрежа се однесуваа на мисицата и нејзиното еврејско потекло“.

„Длабоко сум шокиран од поплавата од изненадувачки агресивни антисемитски навреди“, рече министерот Дарманин и најави сериозна полициска реакција.

Осум милиони луѓе го следеа натпреварот на француската телевизија, а тоа беше емисија со рекорден рејтинг во време кога Французите се под строги мерки за заштита од ширење на коронавирус. Амандин Пети (23) ја презеде престижната титула, но нејзината победа и целиот настан беа во сенка на омразата кон првата придружничка.

Слични содржини