Актуелно
Почетна / Сцена / „Расизмот во САД е пандемија, 400 години нема вакцина“

„Расизмот во САД е пандемија, 400 години нема вакцина“

Американскиот актер Џорџ Клуни напиша авторски напис во кој се осврна на убиството што ги потресе Соединетите Американски држави и ја претвори земјата во речиси воена зона.

Во авторски текст за „Дејли бист“ по повод убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, Клуни оцени дека е неопходна системска промена на безбедносните сили, кривичната правда и политичко лидерство во САД.

Тој посочи дека е неопходна итна акција за да се соочаат со расизмот, кој го нарече пандемија.

„Нема сомнение дека е убиен Џорџ Флојд. Го гледавме како го зема последниот здив додека полицијата го гази“, напиша актерот, пофалувајќи ја реакцијата на милиони луѓе ширум светот кои излегоа да демонстрираат.

„Не смееме да дозволиме овие протести да застранат. Се надевам и да се молам никој да не го загуби животот повторно. Но, ние исто така знаеме дека малку работи ќе се сменат. Гневот и фрустрацијата што повторно ги гледаме на улиците на американските градови се само потсетник за тоа колку малку како земја сме се оддалечиле од времето кога ропството владееше овде. Тоа е нашата пандемија. Сите сме заразени и во овие 400 години не успеавме да најдеме вакцина“, напиша 59-годишниот Клуни.

Тој повика на промена на владата во САД.

„Ни требаат праведни политичари кои ја почитуваат еднаквоста на сите граѓани. Не оние водачи кои ја „хранат“ омразата и насилството … чиј свиреж буди расистичко куче. Постои само еден начин да ги донесеме потребните измени во оваа земја – Да гласаме!“

loading...